Поврзете се со нас

Лига на нации

Кварацхелија: Нема да ја смениме историјата, но потребна беше одмазда против Македонија

Објавено

на

Квича Кварацхелија правеше голема разлика на теренот синоќа во Скопје и покажа за каков фудбалски потенцијал станува збор, односно презентираше зошто Наполи договори негов трансфер уште пред неколку месеци.

По крајот на средбата, Вили Сањол откри дека тој и дефинитивно ќе премине во италијанскиот калчолигаш, но изјава за грузиските новинари дал и самиот Кварацхелија, кој на крајот си замина по она за што дојде во Скопје.

Младото 21-годишно крило посака одмазда на „Тодор Проески“ за болниот историски пораз од Македонија во Тбилиси во финалниот бараж за пласман на Европско првенство, па по победата од 0:3, одново говорел на оваа тема пред домашната јавност.

– Најпрво сакам да им честитам на сите за победата. Секако, постоеше искра кај сите нас, имавме желба за одмазда. Имавме за што да играме против Македонија, со оваа победа може нема да ја смениме историјата, но потребна беше одмазда. Победивме и сега одиме напред.

– За нас не е потребна мотивација кога играме за Грузија, нашите навивачи се навистина неверојатни и беа и во Скопје. Дојдовме по зацртаното и сега следи Бугарија. Се надеваме дека ќе ги израдуваме сите навивачи на домашен терен, – изјавил Кварацхелија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни