Поврзете се со нас

Италија

Кварацхелија е новата ѕвезда на Наполи, голема победа во Рим за Елмас и соиграчите (Видео)

Објавено

на

Квича Кварацхелија посебно дојде до израз на натпреварот кој се играше меѓу Македонија и Грузија во Скопје, по што беше официјално објавено дека тој прави трансфер во Наполи.

Неколку месеци подоцна, уште на самиот старт се добива впечатокот дека Кварацхелија е новата ѕвезда на Наполи, за што добивме потврда и на големата сцена пред илјадници фанови на „Олимпико“.

Лацио поведе рано во дербито во Рим со голот на Закањи, но од 4-та минута па се до крајот, на теренот доминираше само еден тим и Наполи сосема заслужено направи пресврт.

Најпрво израмни со голот на дефанзивецот Ким, а во второто полувреме пресвртот го комплетираше Кварацхелија кој одлично шутираше по една повратна топка од Ангиса.

По вториот гол на Наполи, во игра влезе Елиф Елмас на местото на Зиелински, па Македонецот одигра 30-тина минути во кои Наполи без проблеми ја одбрани победата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни