Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски и Хановер испуштија шанса да го шокираат Кил

Објавено

на

Хановер на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски испушти голема шанса да го шокира Кил на денешната пресметка во Бундеслигата.

Фаворитот го доби првиот дел со 15-13, но по паузата домаќините блескаа, играа фантастично го свртеа резултатот и во два наврати имаа предност од четири разлика (24-20, 25-21). Меѓутоа потоа „зебрите“ се соземаа и полека почнаа да се врааат во игра, да ја бришат негативата за да на крајот слават со 29-27.

Јохансон со 8 гола беше прв стрелец кај победникот, исто толку за поразените даде Гербл, додека пак Кузмановски имаше учинок од 1 погодок од 3 обиди.

Филип и компанија имаат 3 победи и 2 порази, во следното коло се соочуваат со Минден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни