Поврзете се со нас

Шпанија

Кунде откри кои две работи ги побарал Чави од него при преговорите за трансфер

Објавено

на

Жул Кунде со една и пол нога беше во Челси и дури самиот Жоан Лапорта призна дека тој ќе се пресели во Лондон, но крајот на минатата седмица донесе голем пресврт и францускиот фудбалер заврши на „Камп Ноу“.

Барселона ја украде големата трансфер мета на Тухел од минатата сезона и успеа побрзо да реагира во завршницата, а свој удел завршил и Чави Ернандес кој директно стапил во контакт со стоперот кој до денес важеше за голема ѕвезда на Севилја.

На официјалната промоција, Кунде призна дека бил пред преселба во редовите на Челси, но на крајот решил да почека договор меѓу Барселона и Севилја поради тоа што сакал да остане во Ла Лига.

– Вистина е дека имав друга можност за трансфер, но на крајот го чекав договорот меѓу Барселона и Севилја. На крајот ја избрав Барселона бидејќи е клуб со амбициозен проект и поради тоа што сакав да останам во Ла Лига.

– Зборував со Чави и разговорите беа навистина флуидни. Ја почувствував неговата љубов, се виде дека многу сакам да дојдам во неговиот тим и тоа беше пресудно за мене. Побара од мене да го правам тоа што го правев во Севилја. Да ја изнесувам топката од одбраната и да бидам агресивен, – открива Кунде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни