Шпанија
Куман ја доведе во прашање примарната трансфер цел на Лапорта и заклучи: Барселона живее во минатото!

Роналд Куман си замина од Барселона од задната врата и во доста неповолни околности, кои направија легендарниот Холанѓанец да има забелешки за менаџирањето од страна на Жоан Лапорта и неговите први помошници.
Јасно е дека Куман си замина од клубот со нарушен однос со претседателот и самиот не крие дека тоа е така поради јавните постапки на Лапорта, а сега во последното интервју за „Еспорт 3“ си ја отвори душата и даде интересни одговори на повеќе теми.
– Како претседател на еден клуб, секогаш може да се сомневате во квалитетите на еден тренер, но тоа треба да го задржите за себе. Ако тоа го кажувате во јавноста, тогаш се сомнева цел свет во тренерот. Тоа беше големата грешка која ја направи Лапорта.
Во споменатото интервју, Куман ја коментира и примарната трансфер цел на Лапорта, Полјакот Роберт Леванвдовски.
– Да бидам искрен, јас имам големи сомнежи околу тоа. Да платите 50 или 60 милиони евра за играч, плус неговата плата, а тој играч има 34 години. Навистина треба да има сомнежи околу тоа.
– Во мојата ера како тренер на Барса, се обидував да доминирам во играта. Видете, системот со тројца дефанзивци и пет играчи за врска не е дефанзивен. Но, проблемот е што во Барселона се живее во минатото, се живее во времето „тики-така“ со тактиката 4-3-3. Фудбалот се промени, сега фудбалот е многу побрз и технички подобар. Некогаш ги имавме Чави, Иниеста и Меси, а сега не. Заминувањето на Меси беше голем удар, – потенцира Куман.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал