Поврзете се со нас

Англија

Кулушевски отвори големи дилеми со изјавата по последниот меч за Тотенхем

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Дејан Кулушевски пристигна во Тотенхем пред 18 месеци по барање на Антонио Конте и имаше навистина добар придонесе во првата полусезона во Северен Лондон, но оваа кампања која штотуку заврши не беше баш добра за целиот тим, па и за фудбалерот со македонско потекло.

Кулушевски потпиша 18-месечен договор со Тотенхем во јануари пред една година, но се уште важи за играч на Јувентус и допрва ќе се реша неговата судбина и иднина во англискиот фудбал.

Дури и самиот Дејан не е стопроценти сигурен во која средина ќе престојува наредната сезона, бидејќи засега се уште непознато е дали Тотенхем ќе ја активира клаузулата за откуп која изнесува 35 милиони евра.

– Да бидам искрен, не знам што ќе следи и што ќе се случи. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата наредните денови.

– Јас се фокусирам само на тоа што се случува на теренот. Се обидувам да бидам што е можно подобар и да им помогнам на соиграчите, а сега има време пред нас и ќе треба да зборувам со клубот, – изјави Кулушевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни