Поврзете се со нас

Шпанија

Крупни промени во Ла Лига, шампионатот ќе добие и ново име

Објавено

на

Според најавите од Шпанија во следниот период се очекуваат да се случат крупни промени во тамошното фудбалско натпреварување, Ла Лига.

Имено, нов водечки спонзор на натпреварувањето ќе биде „ЕА Спортс“, а првенството во следниот период ќе добие многу промени како на визуелен план, од графика и фонтови, така и во името.

„Марка“ пренесува дека промените ќе се случат од сезоната 2023/24, а за спонзорскиот договор Ла Лига ќе добие сума од 30 милиони евра од „ЕА Спортс“.

Во досегашниот договор со „Сантандер“ стоеше дека првенството ќе добива годишно по 17 милиони евра, што е речиси двојно помалку од тоа што го понудила копанијата која ја изработува ултра популарната фудбалска игра ФИФА.

Освен фонтовите ќе биде променето и името на натпреварувањето, па наместо Ла Лига Сантандер, ќе се вика Ла Лига ЕА Спортс ФЦ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни