Поврзете се со нас

Македонија

Крстовски ги реши „лавовите“, Академија Пандев влезе во победничка серија

Објавено

на

Со третата победа во низа, Академија Пандев е се подалеку од опасната зона во Првата Македонска фудаблска лига, а дека избраниците на Васоски полека земаа залет најдобро говори тоа што победија против еден од најдобрите тимови во лигата.

Македонија Ѓорче Петров го положи оружјето на домашен терен во пресметката со гостите од Струмица, па иако „лавовите“ немаат закана и се сигурни на третата позиција, со овој нов пораз се се подалеку од водечката двојка која се бори за титулата.

Академија Пандев го реши главното прашање на теренот во првите 45 минути, кога како херој се истакна Марио Крстовски кој беше стрелец на двата погодоци.

Напаѓачот на гостите на двапати биеше фантастично со глава и го матираше противничкиот голман, па иако Македонија намали на 1:2, тоа се покажа само како почесен гол.

Фазли погоди во 61-та минута, а иако преостанаа уште повеќе од 30 минути, резултатот не се менуваше и гостите од Струмица остварија голема победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни