Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски по поволната ждрепка: Се надевам дека ќе бидеме комплетни и во што поголем број

Објавено

на

Бојан Крстевски е еден од најсискусните играчи во подмладениот тим на македонската кошаркарска репрезентација, која по разочарувањето во квалификациите за Светското првенство, ќе добие нова шанса за докажување.

Денеска ги дознавме сите три ривали во претквалификациите за Европското првенство, па така покрај Словачка, во групата Д се најдоа уште Данска и Норвешка.

Со оглед на квалитетот на противниците, Македонија има реална шанса да го осови првото место во групата, што автоматски ќе значи пласман во главните квалификации за Евробаскетот.

– Словачка ни е многу добро познат противник бидејќи и во претходните претквалификации игравме со нив и имаме позитивен биланс. За Норвешка и Данска немам многу информации, но како што ќе доаѓаат натпреварите, ќе се подготвуваме за нив и ќе ги анализираме.

– Единствено посакувам ние да бидеме во што поголем број, односно комплетни да ги дочекаме дуелите што претстојат. Во таков случај верувам во позитивен исход и пласман во главните квалификации, -, потенцира Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни