Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: Ова е шанса за новата генерација, ние сме тука да помогнеме

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за двата завршни меча од квалификациите за Светското првенство, натпревари против Шпанија во Сарагоса и против Украина во Скопје.

Ова се дуели на кои шанса ќе добијат и некои помлади играчи, но во тимот се и поискусните како Бојан Крстевски од МЗТ Скопје. Центарот се надева дека ќе го даде максумумот на средбите на 1 и 4 јули, а и воедно оти младите ќе ја искористат оваа прилика да се стекнат со драгоцено искуство.

-Веќе се навикнавме на ваква ситуација, затоа што никогаш досега не бевме комплетни, меѓутоа што е тука е, ова е шанса за некои од новите генерации да покажат што знаат и умеат. Нема да биде воопшто лесно против Шпанија и Украина. Мора да се прикажеме во добро светло, а и за младите да стекнат некое искуство за иднина, а ние сме сите тука да им помогнеме, -вели Крстевски и додава:

-Имавме некои солидни моменти во овие квалификации, но не дојдовме до победа на крајот. Мислам дека тогаш пресуди скратената ротација, ако го имавме цел тим, можеше да биде поинаку. Младите се вклопуваат добро, за нив ова ќе биде одлично искуство. Гледам во сите голем потенцијал за иднината, исто и во У20 репрезентацијата, од таму имавме со нас во минатото лето неколку момци. Се наоѓаме на добар пат, добро е помладите да си фатат ритам уште од помлади години за да стекнат искуство, а за талент несомнено дека имаме, -порача Бојан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни