Поврзете се со нас

Шпанија

Крос: Секогаш ќе има дебата за Зидан

Објавено

на

Еден од најдобрите и најважните играчи на Реал Мадрид, Тони Крос проговори за тренерот Зинедин Зидан и секако неговата иднина во шпанската престолнина која беше ставена под знак прашалник неколкупати во оваа сезона.

„Кралевите“ играат доста променливо, па одвреме навреме знаат да свртат неколку лоши резултати во серија што носи пак голем притисок за Зидан, да се говори за негово заминување за да потоа по неколку добри резултати да се престане со овие гласини, информации.

-Три или четири пати се зборуваше за тренерот и пак ќе се зборува следниот пат кога ќе загубиме. Не мора да се грижам за тоа, -истакна Крос кој се надева оти неговата екипа ќе слави на наредните мечеви и со тоа ќе го стави Атлетико Мадрид под притисок.

-Освојувањето на 9 бодови според мене е задолжително. Не смее да се заборави целта која ја имаме. Ова се три натпревари кои мора да ги добиеме и немаме доволно победи оваа сезона. Знаете колку брзо можете да се вратите во дискусијата по негативниот резултат.

-Одигравме добар натпревар против Валенсија во однос на квалитетот на фудбалот и се надевам дека можеме тоа да го задржиме во наредните недели. Тоа е факторот што одлучува, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни