Поврзете се со нас

Шпанија

Крос донел одлука, Реал треба да ја официјализира

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос веќе една деценија е од Реал Мадрид, период во кој „кралевите“ освоија многу тутули, а важен дел од таа приказна беше и играчот за врска.

Меѓутоа во последниве сезони Германецот во повеќе наврати најавуваше дека размислува за повлекување, поточно одлуките ги носеше од година за година. Сепак по се изгледа нешто во него се промени затоа што тој неодамна реши да се врати во националниот тим со кого беше активен на пријателските во овој „прозорец“ за да сега стигна информација дека Крос е спремен да потпише и нов договор со Реал.

Актуелниот му завршува во јуни, но тука нема да запре љубовта затоа што двете страни се на иста линија и играчот ќе се обврзе на соработка до 2025 година.

Сега останува ова да се официјализира со тоа што има најави дека и други искусни играчи како Лукас Васкес и Начо можат да останат и потпишан нови договори, додека останува отворено прашањето за Лука Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни