Поврзете се со нас

Свет

Кристијано за своите наследници во фудбалот: Емотивно е да се гледаат такви играчи

Објавено

на

Кристијано Роналдо од неодамна е нов амбасадор на „Лајвскор“ и по тој повод направи интервју за спортската компанија која потпиша соработка со португалската ѕвезда, која заедно со Лионел Меси го дели троното во светскиот фудбал веќе десет години наназад.

Роналдо и Меси ги поделија „Златните топки“ меѓу себе и демонстрираа доминација каква претходно не се памети во светскиот фудбал, но полека станува јасно дека нивното време изминува, сето тоа надополнето со големи фудбалски таленти кои почнуваат да се истакнуваат на најголемите натпревари.

Актуелната ѕвезда на Јувентус не планира да се повлече од фудбалот во брзо време, но затоа вели дека добра вест е тоа што веќе гледа играчи кои можат да го наследат на светскиот фудбалски трон, а тука посебно спомена две имиња кои се издвојуваат во изминатиот период.

– Тешко е да издвоите само еден играч и да кажете дека тој ќе биде најдобар, подобар од сите други. Сепак, емотивно е да се гледаат играчите од новата генерација фудаблери. Тука посебно мислам на Халанд и Мбапе.

– Има голема разлика меѓу добрите и врвните фудбалери. Некои се способни да имаат една или две добри сезони, но само најдобрите успеаваат да бидат на врвот од сезона во сезона. Тоа не е лесно, потребна е многу напорна работа и максимална посветеност, – потенцира Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни