Поврзете се со нас

НБА

„Кралот“ нема дилеми: Леброн го издвои играчот кој треба да ја понесе МВП наградата

Објавено

на

Во НБА лигата заврши регуларниот дел од шампионатот со тоа се уште ги немаме добиено сите плејоф двојки затоа што пред нас е плеј-ин разигруавњето со кое ќе бидат пополнети седмата и осмата позиција на Западот и Истокот.

Ова значи дека не очекуваат дополнителни возбудувања како најава за она што допрва престои, а еден од паровите кој дефинитивно привлекува посебно внимание е Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Шампионот се најде во позиција да мора да игра „квалификации“ за да влезе во плејофот и тоа против тимот во кој луда сезона има Стеф Кари.

Токму Кари за Леброн Џејмс е играчот кој заслужува да ја понесе наградата за најкорисен играч (МВП) на основниот дел од шампионатот.

-Мислам, само погледнete што направи оваа година. Не знам што повеќе можете да побарате од МВП. Ако Стеф не игра за Голден Стејт, што ќе гледаме? Понекогаш се фаќаме за рекорди. Се фаќаме за тоа кој има најдобар учинок наместо кој бил најдобар таа година. Според мене Стеф имаше најдобра сезона, -порача „кралот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни