Поврзете се со нас

Свет

Крај на лошата серија: Ѓуроски и Оуренсе забележаа убедлива победа во Шпанија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/clubourensebaloncesto

Тимот на Оуренсе за кого настапува македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски стави крај на лошата резултатска серија во ЛЕБ Оро лигата во Шпанија.

Домаќините беа решени да дојдат до позитивен резултат против Мелилја, цел која ја остварија и тоа со убедлив триумф од 20 разлика (74-54). Со ова Оуренсе ја заврши низата од четири порази, односно го забележа првиот лигашки трумф по месец јануари.

Уртасун Уриз со 20 поени беше прв стрелец, нашиот Ѓуроски даде 9 поени со 3 скока и 1 асистенција против неговиот поранешен клуб.

Во наредната рунда Столе и компанија имаат гостување кај Албасете што е можност за нов позитивен резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни