Поврзете се со нас

Македонија

Кожув со тимска игра до славје над Академија ФМП

Објавено

на

Екипата на Кожув успеа да слави над Академија ФМП со 83:72 во заостанатиот меч од седмото коло во елитната кошаркарска конкуренција во Македонија.

Гостите од Гевгелија тимски се изборија за овој триумф, поточно со таквата игра ја „избришаа“, засенија одличната партија на членот на домаќините Крстајиќ кој уфрли 33 поени со 4 скокови, 2 асистенции и 5 украдени топки.

Комплетната петорка на Кожув беше двоцифрена, лидер на листата на стрелци беше Скот со 16 кошеви.

Ова за четата на Александар Јончевски беше 4 победа во 10 натпревари, додека пак Академија ФМП пак влезе во мини криза и за тоа говори фактот што ова беше трет пораз во серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни