Поврзете се со нас

Англија

Ковачиќ го предупредува Реал: Тука се уште се чувствува глад

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Матео Ковачиќ немаше можност да биде дел од историската сезона на Манчестер Сити во која тимот на Пеп Гвардиола ја освои триплетата, но како член на актуелниот тим на Шпанецот, хрватскиот играч за врска вели дека ниту еден негов соиграч се нема презаситено од тоа што беше освоено пред неполна година.

Ковачиќ дел од својата кариера ја мина во Реал Мадрид и сега ќе биде ривал на „кралевите“ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, двомеч кој за многумина е како финале пред финалето во најелитното натпреварување.

Двата главни фаворити за трофејот ќе се судрат во втората нокаут рунда оваа сезона, а Ковачиќ вели дека е посебно импресиониран од Гвардиола, но и од желбата и страста која ја покажуваат неговите соиграчи.

– Навистина сум пресреќен што го избрав Манчестер Сити за најважната етапа во мојата кариера. Воопшто не се каам за одлуката која ја донесов, уште првиот ден кога влегов во клубот, заклучив дека никој не е релаксиран и опуштен од тоа што се освои минатата сезона.

– Трите освоени трофеи од минатата сезона само симнале товар од грбот на играчите, сега сакаат да го потврдат својот квалитет и се работи со голем ентузијазам. Тука се уште се чувствува глад за успеси и трофеи. Мене лично ми изгледа како да има уште поголема глад од претходно.

Иако не игра премногу во последно време, Ковачиќ има само добри зборови за Пеп Гвардиола, кој според него е убедливо најдобар тренер во светот.

– Не знам како да го кажам за да не звучи како клише. Сите големи и добри работи кои ги слушнав за Гвардиола, сега ги чувствувам секој ден и сметам дека се уште 10 пати повпечатливи. Се што ми кажа, се што најави, се случи во текот на сезоната. Секогаш има план Б и план Ц ако не успее планот А. Секогаш има решение за секоја ситуација и за секој противник. Тој може да предвиди се што ќе се случи на теренот, затоа тој е тренерот кој најмногу ме импресионираше досега во мојата кариера. Не ме чуди што го сметаат за најдобар тренер во светот, можеби е најдобар и во историјата, – изјави Ковачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни