Поврзете се со нас

Светски првенства

Коронавирусот влезе во германската репрезентација, неизвесно одигрувањето на денешниот натпревар

Објавено

на

Вистинска паника завладеала во националниот табор на селекцијата на Германија откако на последните тестирања еден од репрезентативците вратил позитивен ковид тест.

Станува збор за фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Јонас Хофман кој денеска бил позитивен на Ковид-19, по што сите активности на репрезентацијата се откажани.

Останатите фудбалери кои биле негативни на вирусот сега се изолирани во своите соби и се уште не е познато дали вечер ќе истрчаат на теренот за дуелот од првото квалификациско коло против селекцијата на Исланд.

Во моментов се чека финална одлука од германската федерација која е во постојан контакт со УЕФА и ФИФА за тоа дали вечерашниот натпревар ќе се одигра или истиот ќе биде одложен.

За потсетување, репрезентацијата на Македонија за една недела треба да гостува на репрезентацијата на Германија во третото коло од мундоквалификациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни