Поврзете се со нас

Европски првенства

Коронавирусот донесе промени на голманската позиција, Лазаров ги одбра патниците за ЕП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација денеска заминува во Дебрецин (Унгарија) каде ја очекува настап на Европското првенство.

Добро е познато дека во нашиот табор во последен момент се појави коронавирусот и тоа кај петмина со што секако имаше влијание врз изборот на селекторот Кирил Лазаров. Настрада голманската линија затоа што позитивни тестови имале Никола Митревски и Марко Кизиќ, па мораше да се бара решение и шанса на шампионатот ќе добијат Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.

Освен Митревски и Кизиќ со корона се заразиле Гоце Ојлески, Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Да посетиме Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а мечевите се закажани за 13, 15 и 17 јануари.

Список на повикани ракометари за ЕП:

Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костески, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни