Поврзете се со нас

Италија

Конте ги „спушти на земја“ своите напаѓачи: За да се споредуваат со најдобрите, прво треба…

Објавено

на

Тренерот на Интер, Антонио Конте во изјавата пред натпреварот од Лигата на шампионите против Шахтјор со еден коментар се обиде да ги „спушти на земја“ своите напаѓачи, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Лукаку е најдобриот фудбалер на Интер по неговото пристигнување во клубот откако во првата сезона успеа да постигне вкупно 34 погодоци.

Лаутаро пак прикажува одлични партии и веќе го споредуваат со многу големи имиња од нападот, меѓутоа Конте смета дека се уште е прерано и двајцата да се споредуваат со најдобрите фудбалери во историјата.

За да може луѓето да ги споредуваат Лукаку и Лаутаро со најдобрите напаѓачи според Конте, тие двајца треба да освојат нешто со Интер во својата кариера.

– Лукаку и Мартинез донесоа огромен напредок, но во иднина може да бидат уште поважни за нашиот тим. За да ги споредуваме со другите големи напаѓачи на европски ниво, ние прво треба да освоиме нешто, тоа е единствениот начин да заземеме важно место во Европа, -изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни