Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Консеисао објасни зошто сега Челси е поопасен: Алармот е вклучен…

Објавено

на

Порто направи големо изненадување во претходната фаза со елиминацијата на Јувентус, а сега тој резултат ќе се обиде да го повтори и во четвртфиналната битка со Челси во Лигата на шампионите.

Во таборот на португалскиот гигант се свесни дека тоа нема да биде лесна задача особено сега кога Челси претрпе тежок пораз од ВБА (5-2) во Премиер лигата. Тренерот Сержо Консеисао смета дека сега алармот во таборот на „сините“ е  вклучен и очекува ривалот да биде повнимателен, поопасен, поангажиран во вечерашната битка.

-Знаете дека Силва беше исклучен во првото полувреме и потоа натпреварот имаше поинаков тек. Челси до последниот натпревар беше исклучително компетентен, тие не загубија натпревар во Лигата на шампионите, ја имаат втората најдобра одбрана во Лигата на шампионите, а исто така и во англиското првенство.

-Тие се компетентен тим, и кога ќе се случат овие порази, тоа служи како предупредување. Ако сакате мое мислење, повеќе би сакал тие да славеа на последниот натпревар. Овие ситуции го вклучуваат алармот, ги прави сите повнимателни, побудни за опасноста и искрено не ми се допаѓаат овие порази, -рече предводникот на Порто.

Средбата Порто-Челси се игра од 21 часот во Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни