Поврзете се со нас

Англија

Конкуренти од Премиер лигата се распрашуваат за напаѓачот на Челси

Објавено

на

Секојдневно во Англија излегуваат информации поврзани со младиот напаѓач на Челси, Тами Ејбрахам кој очигледно не е задоволен со својот статус под водство на Томас Тухел.

23 годишниот голгетер беше редовен во тимот на Френк Лампард, но по доаѓањето на Томас Тухел на клупата неговата минутажа значително се намали и тој веќе почна да го изразува својата незадоволство што се почесто е на клупата за резервни фудбалери или на трибините.

На последниот натпревар со Манчестер Јунајтед играчот не беше ни во протоколот за средбата, а Тухел на крајот се правдаше со тоа дека имал доволен избор на играчи во офанзивата па морал некого да остави и на трибините.

Прво се појавија информации дека Ејбрахам нема да го продолжува договорот со Челси иако од клубот му понудиле нова соработка и дека најверојатно ќе си оди од „Стемфорд Бриџ“ ова лето.

За него интерес има од неколку тимови од Премиер лигата меѓу кои и тимот во кој се наметна на сениорската сцена во фудбалот на Островот, Астон Вила. Освен Астон Вила, интерес за Ејбрахам има и од Саутемптон и Њукасл, тимови кои сакаат да го видат играчот во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни