Поврзете се со нас

НБА

Коментаторите излудеа по бравурата на Јокиќ: Дали се шегуваш „Џокер“, престани со ова! (Видео)

Објавено

на

Денвер Нагетс се предодреди на добра тимска игра на третиот меч во финалната серија на Западот, а токму таквиот пристап им овозможи да се вратат во игра и да намалат на 2:1 во пресметката со Лос Анџелес Лејкерс.

Нагетси победија со 114:106 и се рехабилитираа од болниот пораз кој го претрпеа на вториот меч со звукот на сирената, најмногу поради фактот што дури четворица играчи беа расположени за игра и беа двоцифрени на паркетот.

Мареј со 28 поени беше најефикасен, Грант уфрли 26, Морис 14, а Никола Јокиќ беше стандардно импресивен и мечот го заврши со 22 поени, 10 скокови и 5 асистенции.

Меѓудругото, популарниот „Џокер“ ни понуди и маестрална акција во втората четвртина, кога погоди од невозможна позиција против еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, Ентони Дејвис.

Ѕвездата на Лејкерс се испружи колку што му се долги рацете, но едноставно за фантастичната техника на Јокиќ нема одбрана и во вакви ситуации.

– Дали се шегуваш „Џокер“, престани со ова, – порачаа коментаторите кои беа воодушевени од мајсторијата на Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни