Поврзете се со нас

НБА

Комедија пред „мајсторката“: Рутината за изведување слободни на Јанис го разбесни Харден (Видео)

Објавено

на

Џејмс Харден не му беше од голема помош на Кевин Дурент и постигна само 16 поени во натпреварот кој Бруклин го загуби од Милвоки, по што стана јасно дека ќе гледаме „мајсторка“ за влез во конференциско финале на Истокот.

„Брадата“ беше комплетно неутрализиран од расположените домаќини кои на крајот славеа со 104:89, но во текот на мечот, можеше да се забележи и дека е максимално фрустриран од потезите на Јанис Адетокумбо.

Гркот има навистина специфичен начин на подготовка пред да изведе слободно фрлање, а неговата рутина едноставно го разбесни Харден кој одмавнуваше со раце, а во еден момент и му довикна.

Со оглед на тоа што Јанис не важи за добар шутер, тој се обидува да го симулира шутот неколку пати пред да ја добие топката од судијата, а ова утро оваа рутина го доведе до лудило играчот на Бруклин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни