Поврзете се со нас

Германија

Коло Муани одбива да тренира, клубот му испрати порака: Ова однесување нема да влијае на нашите трансфер активности

Објавено

на

foto:twitter.com/Plettigoal

Рандал Коло Муани се обидува на секој начин да дојде до преселба во Пари Сен Жермен, тим кој за неговите услуги понуди 80 милиони евра кои беа одбиени од Ајнтрахт Франкфурт.

По ова Французинот му порача на клубот да размисли и да ја прифати понудата за да сега комплетно ја смени тактиката и одбива да тренира со бунделсигашот.

Тој го информирал Ајнтрахт Франкфурт дека нема да биде дел од финалната тренинг сесија пред реваншот со Левски Софија во Конференциската лига. Поради ова напаѓалот нема да биде во комбинација за утрешниот меч со бугарскиот претставник, но во исто време германскиот тим му испрати јасна порака преку спортскиот директор Маркус Кроше.

-Го знаеме Рандал поинаку и го знаеме неговиот вистински лик. Многу работи во моментов се слеваат врз него и ова е резултат на оваа погрешна реакција, која јасно му ја разјаснивме и нему и на оние околу него и сите ефекти. Натпреварот против Левски Софија ќе го играме без него. За нас е јасно: однесувањето нема влијание врз трансфер активности. Сега е важен важен натпревар против Левски. Тоа има врвен приоритет и е од големо значење за клубот. Нашиот тим е квалитетен и е целосно фокусиран на утрешниот натпревар, -порача Кроше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни