Поврзете се со нас

Англија

Кол за рекордот кој му го собори Халанд: Не ми е гајле, треба да плачам…

Објавено

на

Енди Кол и Алан Ширер до оваа година беа неприкосновени на листата на стрелци кога се работи за дадени голови во една сезона во Премиер лигата, но од актуелнава кампања имаме нов крал во таа категорија-тоа е Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

Англиските легенди застанаа на бројката од 34 погодоци, додека норвешката гол машина стигна до 36 голови и сега неговото име стои со големи букви во историјата на ПЛ.

Меѓутоа Кол не е разочаран што рекордот му е соборен, па директно порача:

-Не ми е гајле. Јас сум искрен, рекордите се тука за да бидат соборени. Сега има луѓе кои би биле изнервирани. Ама луѓето велат оти морам да бидам разочаран. Зошто? Затоа што некој постигнал повеќе голови од мене? Беа потребни 20 години некој да биде блиску, -истакна за „Дејли Мејл“ некогашниот член на Јунајтед, Сити, Њукасл и уште многу други англиски клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни