Поврзете се со нас

Европски првенства

Коке му одговори на Ван дер Варт: Го знам од еден постер со Иниеста…

Објавено

на

Рафаел ван дер Варт вчера ги коментирал случувањата на Европското првенство на холандска телевизија, а неговиот коментар за шпанската репрезентација бргу се прошири низ медиумите и стигна и до членовите на „фуријата“.

Поранешниот холандски репрезентативец го понижи составот на Луис Енрике и посака да биде иден противник на Холандија во нокаут фазата.

– Шпанците се ужасни, навистина ужасни, се надевам дека ќе играме против нив. Немаат ништо во овој тим, едноставно само додаваат од една на друга страна, немаат ни фудбалер кој знае да испрати одлучувачко додавање, – изјавил Ван дер Варт вчера.

Одговорот стигна од Коке, кого новинарите го прашале за мислење околу ставот на Ван дер Варт.

– Едноставно сака да биде популарен во моментов. Но, јас го знам добро, во шпанската база имаме постер на кој се појавува покрај Иниеста, кога Андрес го постигнува голот (во финалето на Светското првенство во 2010 година). Неговите зборови ќе ни бидат дополнителна мотивација, – изјавил шпанскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни