Поврзете се со нас

АБА лига

Кочов: Се уште се бараме, не е нормално…

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје успеа да ја прокнижи првата победа во „балонот“ во Златибор и тоа во пресметката со Сутјеска која ја реализираше со 92-83.

„Штрковите“ и на оваа средба не се прикажаа во најдобро издание, имаа подеми, ама и падови и единствено ќе се памети остварениот позитивен резултат.

-Честитки за моите играчи. Јас очекувам да играме на ваков начин, меѓутоа како уште да се бараме. Ние сме талентирана екипа и играме се подобро. Имаме четири странци, меѓутоа само Бојиќ и Готчер имаат искуство. Другите двајца ни се исто важни играчи, но се млади играчи. Нормално е да има падови, меѓутоа не е нормално во првото полувреме да ја движиме топката и решаваме, а во трета четвртина да застанеме. Тоа се должи на две работи, не сме спремни или се опуштаме. Ме радува тоа што и кого противникот поведе пет разлика, играчите останаа фокусирани и веруваа во победа. Сите играчи дадоа свој придонес, – истакна тренерот Ѓорѓи Кочов кој го пофали и новото засилување Иван Карачиќ.

-Во оваа тешка ситуација во која бевме, морам да го пофалам новиот играч Карачиќ кој само со еден тренинг ни даде енергија и многу ни помогна. Сутјеска е искусна екипа која беше и ослабена, па мислам дека имавме и малку среќа, -заврши тренерот на „металците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни