Поврзете се со нас

Македонија

Клубот од Чаир го реши тренерското прашање: Поранешен турски репрезентативец седнува на клупата на Шкупи

Објавено

на

Шкупи на крајот на минатата календарска година одлучи да се раздели со тренерот Умит Каран кој според нив не успеа да му ги ги донесе посакуваните резултати на клубот во првиот дел од шампионатот.

Македонскиот прволигаш веднаш се впушти во потрага по нов стратег, потрага која вечерва заврши со назначувањето на Хасан Озер за нов предводник. Раководсвото на Шкупи се одлучи да му ја даде довербата на поранешниот турски репрезентативец кој досега самостојно има работено во Челик од Зеница Елазигспор и Газијантеп, а претходно како асистент бил во Манисаспор, Кајзериспор, Ризеспор, Бурсаспор, Газијантеп.

Озан со работа во Шкупи ќе започне на 8 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни