Поврзете се со нас

Англија

Клоп со поддршка за Манчестер Јунајтед: Тоа што им го направија е лудо

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по победата од 2:0 против Саутемптон истакна дека неговиот клуб се уште е во игра запласман во Лигата на шампионите.

Шансите „црвените“ да се пласираат во најелитното европско натпреварување се зголемија по киксот на Лестер и поразот од тимот на Њукасл, па сега Клоп смета дека доколку ги добијат следните четири натпревари со ред, тие можеби ќе успеат да се изборат за пласман во најелитното европско натпреварување.

До крајот на првенството Ливерпул има натпревари со Манчестер Јунајтед, Барнли,ВБА и Кристал Палас, па лесно може да се случи клубот од „Енфилд“ да ги освои максималните поени затоа што никој од тимовите, освен ВБА веројатно нема да има некои амбиции до крајот на сезоната.

Манчестер Јунајтед против Ливерпул ќе игра со мешан состав затоа што тоа ќе биде нивен четврти натпревар во период од само девет дена, а за тоа Клоп му даде поддршка на Оле Гунар Солскјер кој јавно го крена гласот против одлуката клубот да одигра толку натпревари во така краток период.

– Да, ако освоиме 12 поени мислам дека тоа ќе биде доволно да се пласираме во Лигата на шампионите. Во четврток играме против МанчестерЈунајтед, а јас знам дека тие играат и во вторник и во недела. Нивниот распоред е пренатрупан, но кога ќе го погледнете составот кој го имаат, знаете дека може да направат измени и повторно да бидат опасни.

– Но секако, не е добро за нив да играат три натпревари во една недела, тоа е апсолутно лудо и навистина не го разбирам таквото нешто, но така е како што е. На останатите натпревари, ќе видиме дали ВБА ќе се бори за опстанок, и дали можеби тука ќе биде и Барнли. Сите тимови имаат свои цели и ако ги постигнат истите може да играат без притисок, а тоа е добро, -заклучи Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни