Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп го искоментира неверојатниот пресврт на Реал и откри што посакал по болниот пораз во 2018. година

Објавено

на

Реал Мадрид е на ѕвездено небо во изминатите седум дена и доживува моменти за кои сите играчи и навивачи чекаат цела сезона, бидејќи по освоената титула во Ла Лига, тимот се пласираше и во големото финале во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ направија неверојатен пресврт против Манчестер Сити и стигнаа до екстаза кога сите ги видоа надвор од натпреварувањето, па со режираниот пресврт против „граѓаните“ закажаа реприза на големото финале од 2018-та година.

Тогаш Реал Мадрид славеше на завршниот чин во Киев и стигна до 13-та титула во Лигата на шампионите, а на 28-ми мај ќе има шанса да стигне и до 14-от трофеј во натпревраувањето во кое е убедливо најуспешен тим во историјата. Од друга страна, Ливерпул ќе ја брка седмата титула во најелитниот турнир, но ќе добие и шанса за реванш за болниот пораз.

– Кога го загубивме финалето во 2018-та година, јас гледав само едно решение. Посакав да играме финале со нив наредната година, но игравме против Тотенхем. Ова изгледа дека е судбина, судбината повторно не спои, – изјави Клоп.

– Натпреварот меѓу Реал и Сити беше навистина чуден и несреќен за Сити, но тоа што го направи Реал беше неверојатно. Успеаја да ги победат ПСЖ, Челси и Сити, кога ги исфрлате тие три тима од натпреварувањето, секако дека заслужувате да играте финале. Сигурен сум дека не чека голем меч во финалето, – вели Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни