Поврзете се со нас

Англија

Клоп го доби првото летно засилување во одбраната: Ова е перфектна вест (Фото)

Објавено

на

Јирген Клоп најави дека Ливерпул нема да се расфрла со пари ова лето, но сепак новиот англиски првак му го обезбеди првото засилување за новата натпреварувачка сезона.

Станува збор за фудбалер кој има 24 години, Гркот Костас Цимикас кој пристигнува на „Енфилд Роуд“ за да ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција.

Таму стандарден е Ендрју Робертсон, но Клоп смета дека незаменливиот стартер треба да добива и одредена пауза во текот на сезоната, а сега својата шанса ќе ја чека Цимикас.

– Навистина сум многу среќен и горд што сум тука. Чест е да се игра за Ливерпул, ќе дадам се од себе. За мене, Ливерпул е најдобриот клуб во светот во овој момент, – изјави досегашниот играч на Олимпијакос за кој Ливерпул издвои 13 милиони евра.

– Го следевме Костас подолго време и среќни сме што ни се приклучува. Ова е перфектна вест пред враќањето на тренинзите. Станува збор за одличен фудбалер со фантастичен однос, навистина ми се допаѓа неговиот менталитет. Неговата огромна желба е компатибилна со она што веќе го имаме во собелкувалната, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни