Поврзете се со нас

Италија

Кјелини за играчот со кого сакал најмногу да се натпреварува: Тој го вадеше најдоброто од мене

Објавено

на

Џорџо Кјелини со години е еден од најдобрите дефанзивци на светот, но времето минува и тој е се поблиску до ставање крај на кариерата, па со оглед на тоа може да се отвори на интересни теми и сподели занимливи информации со јавноста.

Капитенот на Јувентус долго време води битки со многу играчи, меѓутоа еден за него се издвојува или како што вели Џорџо секогаш го вадел најдоброто од него-тоа е Златан Ибрахимовиќ.

-Кристијано даде многу голови, но Ибра беше тој што влезе во моето срце. На почетокот бевме соиграчи, јас бев многу млад, секогаш се обидував да се мерам со него.

-Го следев насекаде за да добијам заслуга од моите соиграчи и тренерот. Да се прифати еден на еден со Ибра значеше да се заслужи почит. Никогаш не се повлекував и секогаш излегував посилен и посамоуверен од секој предизвик со него, тој го вадеше најдоброто од мене. Многу го почитувам, -вели Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни