Европски купови
Кизиќ спаси бод за Еурофарм Пелистер во Битола

Еурофарм Пелистер не успеа да ги израдува своите навивачи и по вторпат оваа сезона одигра реми средба во Лигата на Европа, со тоа што овојпат се спасуваше од пораз од Агуаш Санташ.
Македонскиот претставник очекуваше да оставари триумф и да си го олесни патот кон следната фаза во европското натпреварување, но вечерва наиде на незгоден и жилав противник, кој може да жали што не си замина и со сите бодови.
Македонскиот тим диктираше во најголем дел од мечот, водеше со три гола во првиот дел, но на полувреме замина само со еден позитива и беше јасно дека ќе гледаме неизвесен натпревар (14:13).
Во продолжение, битолчани диктираа се до резултат 20:19, по што следеше серија на португалскиот тим кој успеа да отиде на плус три и тогаш се доби впечаток дека победата е речиси невозможна мисија.
Добра вест за Ларс Валтер беше тоа што неговите избраници не се откажаа, а благодарение на Кизиќ освоија и бод во самата завршница.
Голманот на Еурофарм Пелистер имаше неколку одлични одбрани, вклучувајќи ја и онаа клучната во последниот напад на Агуаш Санташ (27:27). Токму Кизиќ со осум одбрани беше најдобар поединец во нашиот тим, во кој најдобар стрелец беше Радиќ со пет гола.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон