Поврзете се со нас

АТП

Кирјос жестоко му одговори на Тим и не заборави уште двајца: Овие тројца се елитата во нашиот спорт (Фото)

Објавено

на

Доминик Тим вчера застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и се позиционираше на негова страна за сите напади кои пристигнуваат од Западот, но исто така, го омаловажи и Ник Кирјос за кого порача дека нема право да му суди на никого после сите испади кои ги имаше на теренот во минатото.

Австрискиот тенисер го прозва Австралијанецот, но со својот потег испровоцира само уште пожестока реакција од страна на Кирјос кој денеска без влакна на јазикот ги осуди тројцата тенисери за последиците кои ги остави „Адрија тур“.

– За што зборуваш Доминик Тим? За грешките со кршење рекет? За навреди? Одморање на некои натпревари? Што прават другите? Ниту еден од вас нема интелектуално ниво за да сфати од каде доаѓам. Обидете се да бидете одговорни, – порача првично Кирјос, а потоа беше уште побрутален.

– Тим, Зверев и Ѓоковиќ мислеа дека ова е шега. Двајца од нив се забавуваа како луди за време на глобална пандемија. Луѓе ги губат животите, ги губат саканите и пријателите, а потоа Тим излегува и ги брани оние кои грешат. Овие момци се елитата во нашиот спорт….., – иронично порача Ник.

Инаку, Кирјос е редовен критичар на социјалните мрежи по хаосот кој се случи на „Адрија тур“, а минатата седмица посебно го нападна Саша Зверев отако Германецот беше „уловен“ на забава, наместо во карантин кој самиот вети дека ќе го испочитува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни