Поврзете се со нас

АТП

Кирјос се откажа од Ју-Ес Опен, не заборави да ги „пецне“ Ѓоковиќ и компанија (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Ник Кирјос и официјално го откажа својот настап на овогодинешното издание на „Ју-Ес Опен“. Тенисерот од Австралија одлучи да не патува во Њујорк поради пандемијата со КОВИД-19, поточно да го стави здравјето во прв план.

-Нема да играм на Ју-Ес Опен оваа година. Ме боли што нема да играм на еден од најголемите стадиони, Артур Еш. Ама стојам зад мојот народ, моите Австралијци, како и стотиците илјади Американци кои ги загубија своите животи. Ова е моја одлука, -истакна Ник кој ја искористи оваа прилика одново да го „пецне“ Новак Ѓоковиќ и останатите кои за време на кризата играат на Адрија Тур.

-Мора да се однесувате во интерес на другите. Не можете да играте на стол, да собирате пари низ цела Европа или да се обидете да направите некоја егзибици од која ќе заработите „брзи“ пари. Тоа е себично, размислете за другите – тоа е она за што станува збор за овој вирус. Не ми е грижа каде сте на ранг листата или колку пари имате. Однесувајте се одговорно.

-За оние кои се однесуваа себично и ги кршеа правилата, ви кажувам со среќа. Играјте на ваш сопствен ризик, немам проблем со тоа, -порача Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни