АТП
Кирјос: Не верував дека ќе дојдам до овде, сега следи еден од најспектакуларните мечеви

Ник Кирјос го потврди статусот на фаворит и во три сета го совлада Кристијан Гарин и со тоа обезбеди полуфинале на Вимблдон каде ќе ги одмери силите со Рафаел Надал.
Ова за Кирјос беше 50. победа на грен слем сцената, па сега со нетрпение ја очекува наредната битка која ако ја добие може да му донесе финале и борба за титула на најпрестижниот светски турнир.
-Не верував дека ќе дојдам до овде. Не верувам, мислев дека тој брод отплови за мене. Особено кога ќе се сетам каде бев пред една година. Но успеав тоа да го надминам и навистина сум горд на себе и на тимот. Поради нивото на кое играм, -вели Австралиецот кој очекува спектакуларен дуел со Надал со тоа што Шпанецот има проблеми со стомачните мускули и допрва треба да го потврди настапот во финалето.
-Ќе биде навистина посебно да се игра против Рафа. Имавме големи битки на Централниот терен. Тој победи еднаш, а еднаш и јас. Ние сме две различни луѓе, но мислам дека навистина се почитуваме. Мислам дека ова би можело да биде еден од најспектакуларните натпревари на сите времиња и дека луѓето можат да го проследат со отворени усти цело време, порача во свој стил Кирјос.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал