Поврзете се со нас

НБА

Кемба Вокер ќе се пресели во редовите на Њујорк

Објавено

на

Кемба Вокер планира да ја заврши соработката со Оклахома Сити Тандер и во новата сезона веројатно ќе го носи дресот на Њујорк Никс.

„ЕСПН“ ја пренесе информацијата според која Вокер ќе го откупи преостанатиот дел од договорот со Оклахома Сити, а потоа ќе може да им се приклучи на Никс.

Вокер имаше уште две сезони од договорот вредни 74 милиони долари, но неговите агенти работат на соодветно раскинување на соработката која ќе ги задоволи и двете страни.

Тој пристигна во Оклахома Сити во јуни, како дел од трејдот во кој во Бостон замина Ал Хорфорд.

Најголем дел од НБА кариерата, Вокер ја помина во Шарлот, а стигна и до четири настапи на Ол-Стар викендот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни