Поврзете се со нас

Англија

Кејн не отпатувал со Тотенхем во Португалија

Објавено

на

Хари Кејн не отпатувал во Португалија со Тотенхем, иако премиерлигашот го вклучи својот најдобар фудбалер на списокот за средбата против Пакос Фереира од Конференциската лига.

Напаѓачот го пропушти дербито со Манчестер Сити, што ги зголеми шпекулациите дека инсистира на трансфер во редовите на ривалот, а сега повторно нема да настапи за лондонскиот состав.

Официјалното објаснување е дека Кејн останал во Англија за да ги продолжи индивидуалните подготовки, бидејќи доцнеше поради одморот и карантинот по него, но медиумите се убедени дека напаѓачот инсистира на трансфер во редовите на Сити.

Евентуалниот настап во Конференциската лига нема да му попречи на Кејн да игра во Лигата на шампионите ако се пресели во Сити, па Тотенхем може да смета на неговите услуги на реваншот со португалскиот ривал.

Последните вести поврзани со оваа трансфер сага беа дека Кејн му е лут на клупскиот претседател Даниел Леви затоа што овој не го испочитувал џентлменскиот договор, според кој требало да му дозволи трансфер поради неуспешната последна сезона на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни