Поврзете се со нас

Европски купови

Кастратовиќ ги посочи главните причини за поразот од Тулуз

Објавено

на

Ракометарите на Металург претрпеа пораз од француски Тулуз од 33:29 во првиот натпревар од Лига Европа.

Македонскиот прволигаш проба да се бори со фаворитот, да биде конкурентен, меѓутоа домашниот тим беше подобар ривал, имаше контрола на играта, резултатот и заслужено дојде до првите бодови во групата.

Според тренерот Зоран Кастратовиќ причините за овој пораз лежат во лошата одбрана и големиот број на загубени топки.

-Прво сакам да му честитам на противникот за победата. Ние овде дојдовме по добар резултат, но не успаевме во тоа поради лошата концентрација во одбраната во одредени моменти. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеаевме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 денеска не беше добра како на претходните натпревари. Исто така, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Сепак, имаме уште девет натпревари во Лигата Европа и можност да играме подобро и да оствариме некоја победа, -рече Кастратовиќ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни