Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Касемиро: Челси не надигра, фокусот сега е на Примера

Објавено

на

Шпанскиот првак Реал Мадрид не успеа да се избори за уште едно финале во Лигата на шампионите. Тие не ја надминаа последната пречка пред Истанбул-тоа е составот на Челси кој беше подобар од нив во двомечот со 3-1.

„Кралевите“ спортски признаа дека биле надиграни, дека немале решение за „сините“, но и дека мора веднаш да се кренат и да размислуваат за предвизвиците во Примера почнувајќи од дербито со Севилја.

-Во првите 25 минути бевме подобри, имавме две шанси преку Бензема. Играа подобро, имаа повеќе шанси, но нема потреба да се враќаме назад. Челси беше супериорен и играше подобро од нас. Покажавме оти се што постигнавме во минатото веќе е историја, не е лесно да се освои ЛШ.

-Не е лесно ова да се освои. Мора да размислуваме за следниот меч. По година со повреди, жртви, КОВИД-19, без навивачи…се обидовме. Ама беа подобри. Не можеме да жалиме, мора да се фокусираме на Севилја. Сега мора да размислуваме за лигата, -порача големиот борец Касемиро.

Реал е на второто место во Ла Лига зад градскиот ривал Атлетико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни