Поврзете се со нас

Италија

Касано посочи три тима кои се подобри за Србинот: Јувентус и Влаховиќ направија грешка

Објавено

на

Душан Влаховиќ на крајот ја избра „7-та“ во Јувентус иако првично се шпекулираше дека ќе го носи дресот со број „28“, одлука со која јасно стави до знаење дека не се плаши од предизвиците и одговорноста која ќе ја има во најтрофејниот италијански клуб.

Легендите на Јувентус во најголем дел го поздравија сензационалниот јануарски ангажман на Србинот кој прави Влаховиќ да биде најскапо платен зимски трансфер во историјата, но така не мисли Антонио Касано кој претходно имаше само пофални зборови за напаѓачот на Фиорентина.

Касано верува дека многу подобра опција за Влаховиќ ќе биле тимови како Арсенал и Тотенхем кои играат допадлив фудбал, бидејќи според него, Јувентус под водство на Алегри игра навистина лош фудбал оваа сезона.

– Ањели направи сензационален потег кој никој не го очекуваше, но јас сум сигурен дека Алегри нема да отстапи од својот стил и од својата игра. Тој ќе продолжи да игра исто, Јувентус ќе остане ист со Алегри на клупата.

– Поради тоа, сметам дека потегот на Јувентус е крајно погрешен. Со оглед на тоа каков тип на играч е Влаховиќ, подобар чекор ќе беа тимови како Арсенал, Тотенхем, или пак Севилја која го доби Марсијал. Влаховиќ стана силен играч во Италија, но ова е ризичен чекор, сега ќе мора да покаже повеќе од тоа што го покажа во Фиорентина. Ќе има потешкотии поради тоа што Јувентус игра навистина лошо, сметам дека нема да му биде лесно да се вклопи во опкружувањето во Јуве. Тоа е мое мислење, сметам дека ова е ризичен потег за фудбалерот, но и за клубот, – изјави Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни