Поврзете се со нас

НБА

Кармело и Вестбрук имаат јасна цел: Дојдовме во Лејкерс за да ја освоиме титулата

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе има сосема поинаков лик во однос на претходната кога е во прашање играчиот состав, кадарот кој ќе има задача да ја врати титулата во „Стејплс Центарот“.

„Езерџиите“ направија многу потези од кои дефинитивно најзначајни се ангажманот на Кармело Ентони и Расел Вестбрук. Тоа се двајца искусни играчи, играчи кои долго време се во НБА лигата, но досега на клупско ниво никогаш немаат играно со Леброн Џејмс кој е лидер на овој тим од Лос Анџелес.

-Не ми е грижа што велат дека сме премногу стари, ние си правиме своја приказна. Луѓето зборуваат за возраста затоа што тоа е добра приказна, но не се работи за возраст во овој наш бизнис, туку за кошарка. Треба да знаете како да играте кошарка, а ние имаме талент, вештини и искуство. Доаѓам во Лејкерс со план за освојување на титулата, сите знаете дека немам шампионски прстен во кариерата. Во текот на мојата кариера, секогаш во одреден момент без поврзуван со Лејкерс, без разлика дали ми беа ривали или ги следев поради мојот брат Коби, -истакна Ентони.

-Леброн е еден од најдобрите во историјата на оваа игра. Доаѓам во шампионскиот тим и мојата работа е да му ја олеснам играта. Дали тоа се однесува на мојата игра со топка? Тоа не ми е најважно, има многу начини на кои можам да влијаам на играта, -рече пак Вестбрук.

Рас исто како Мело нема пехар, шампионски прстен, па останува да видиме дали оваа група заедно со Дејвис, Леброн, Гасол и компанија ќе можат ова да го променат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни