Поврзете се со нас

НБА

Кари со препознатлив танц предвреме ја славеше победата, Дончиќ го испрати со поглед (Видео)

Објавено

на

Финалната серија на Западот во НБА лигата започна со доминација на Голден Стејт на домашен терен, па така „воините“ поведоа со 1:0 против Далас кој дојде осоколен по победата над Феникс во мајсторката.

Пресудно за триумфот на Стеф Кари и компанија беше тоа што успеаја да го неутрализираат најдобриот играч на противникот, Словенецот Лука Дончиќ кој имаше вечер далеку под своите стандарди.

Дончиќ постигна 20 поени, но само два во второто полувреме и имаше катастрофален шут од игра 6/18, за три поени 3/10, а промаши и три слободни фрлања.

На спротивната страна, Стеф Кари со дабл-дабл од 21 поен и 12 скокови беше лидер во победата на Голден Стејт од 112:87 која тој почна да ја слави уште во третата четвртина кога домашниот тим отиде на плус 17.

Тимската игра на Голден Стејт му беше од огромна помош, бидејќи двоцифрени беа уште Вигинс (19), Пул (19), Томпсон (15), Грин (10), Луни (10) и Портер (10).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни