Карате
Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап на балканското првенство
Изминатиов викенд во Ријека се одржа Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, наста на кој учество земаа 13 балкански држави со 731 натпреварувачи.
Каратистите на Макпетрол членови на Македонската карате репрезентација на ова натпреварување имаа добро преставување. Тие успеаја да освојат 4 (четири) сребрени медали и 2 (две) бронзени , или вкупно шест медали од ова првенство и тоа сите во највозрасната и најтешка категорија на помлади сениори-ки (У21).
Медали освоија следниве каратисти:
Најуспешен натпреварувач на Балканското првенство секако е Стефан Стојанович +84 кг (актуелен европски јуниорски првак) спортист на Макпетрол, тој успеа да освои две сребрени медали и тоа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби иако сеуште е јуниор , односно нема полни 18 години, но за време на одржувањето на европското првенство ќе има 18 години и затоа настапи во повозрасна категорија на У21.
1.Стефан Стојанович поединечно +84 кг, сребрен медал
2. Абдурахим Идризи екипно борби , сребрен медал
3. Глигор Петков екипно борби, сребрен медал
4. Стефан Стојанович екипно борби, сребрен медал
5. Марија Петровска поединечно категорија -50 кг У 21 , бронзен медал
6. Викторија Јовановска екипно борби, бронзен медал
Во поединечна конкуренција Стефан Стојанович (+84 кг, У-21) тој го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1
Марија Петровска настапи во категорија -50 кг У21, таа во прво коло беше слободна, второ коло победи со преставничка на косово 3-0, во полуфинале загуби од Хрватска 2-3, и во репасаќна борба за бронзен медал победи со 4-2, со словенија
Кумите тимот – борби У-21 – мажи славеше против Косово 3-1, потоа победа со домаќинот 3-0 Хрватска и во финалето загуби 0-2 од Босна и Херцеговина, што беше доволно за сребрениот медал.
Кумите тимот – борби У-21 жени прво го победи Косово 0-0, потоа загуби од Словенија 1-2, а во борбата за бронзата славеше против Грција со резултат 2-0
-Задоволни сме од настапот на нашите каратисти кои ги бранеа боите на Македонија на ова елитно регионално натпреварување. Балканот е најквалитетен регион во светската карате федерација и затоа тешко е да се освои медал, има стварно голема и квалитетна конкуренција. Можевме да постигнеме и повеќе во поединечните настапи на нашите каратисти но за освојување на медал одлучуваа моменти. Генерално сме задоволни од нашиот настап, направивме одлична контрола пред државното првенство кое треба да се одржи следниот викенд и ќе има изборен карактер за влез во репрезентацијата на следното европско првенство кое ќе се одржи во Прага, Чешка – истакна тренерот на Макпетрол, Петар Заборски.
На Балканското првенство Македонија освои вкупно 13 медали – 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени и се најде петата позиција. Пред нашата репрезентација се Босна и Херцеговина со 26 медали (12-4-10), Турција 24 (9-6-9), Србија 31 (7-8-16) и Хрватска 23 (5-6-12).
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства17 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства18 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор