Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Солскјер има двајца заштитници кои постојано му бараат изговори!

Објавено

на

Џејми Карагер смета дека Манчестер Јунајтед веќе не смее да се смета како фаворит од сенка за шампионската трка во Премиер лигата, од едноставна причина што Оле Гунар Солскјер во последно време доби огромни засилувања на неколку клучни позиции кои со години наназад се споменуваа како недоволно добро покриени.

Јунајтед ова лето потроши доста пари за Џејдон Санчо и Рафаел Варан, но во завршницата од летниот преоден рок, успеа да го ангажира и Кристијано Роналдо. Гери Невил и Рој Кин и натаму сметаат дека Солскјер со актуелниот тим на Јунајтед не може да ја освои титулата, но како двајца кои редовно го бранат својот поранешен соиграч, сега добија јавна прозивка од легендарниот стопер на Ливерпул.

– Напишав колумна за оваа тематика, му посветив тема на Солскјер. Им го кажав тоа и на Гери Невил и Рој Кин. Тие се двајцата најголеми заштитници на Солскјер, постојано му бараат изговори и оправдувања, но тоа е така поради тоа што играа со него и поради тоа што им е пријател.

– Постојано ми го велат истото „им фали ова, им недостасува она, требаше да го купат Хари Кејн“. Размислувам убаво и сфаќам дека тие купија играч кој не знам колку пати ја освои Лигата на шампионите (Роналдо) и потрошија 75 милиони фунти за Санчо.

– Завршија втори минатата сезона, не загубија меч на гостински терен. Оле нема да биде задоволен од мојата колумна, но тоа е тоа. Доста ми е од изговори за Јунајтед. Имаат играч од 50 милиони фунти на секоја позиција, целиот тим е неверојатен и не смеат да бараат изговори, – потенцира Карагер кој заклучува дека Оле мора да понесе добар дел од одговорноста ако Јунајтед не освои трофеј и оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни