Поврзете се со нас

Англија

Карагер откри за кого ќе навива во дербито: Ако Арсенал…

Објавено

на

Манчестер Сити и Арсенал ќе ги одмерат силите во 30. коло во Премиер лигата, меч кој е дерби на рундата, но и натпревар кој е исклучително значење за двата тима, но и за комплетнаат трка за титулата во која е и Ливерпул.

„Граѓаните“ немаат ниту еден пораз на домашен терен во оваа сезона, додека „топчиите“ имаат три како гости од кои последниот беше на крајот на 2023 година од Фулам со 2-1.

Огромно внимание носи ова соочување, па свој коментар имаа Гери Невил и Џејми Карагер кои постојано се активни кога се во прашања случувањата на островот.

-Сигурно сакаш  Арсенал да победи во недела, од перспектива на Ливерпул, -праша Гери.

-Да, но мислам дека дури и ако Манчестер Сити го загуби тој натпревар во недела, тие сепак можат да ја освојат лигата. Сè уште можат да ја освојат лигата и да загубат. Мислам дека ако Арсенал биде поразен, не гледам како би ја освоиле титулата. Поради Ливерпул, сигурно сакате Сити да загуби, но всушност мислам дека тие сепак би можеле да ја освојат лигата и по таков резултат.

-Не гледам дека Арсенал ќе ја освои лигата ако биде поразен. Од гледна точка на Ливерпул, тогаш се борите само против еден тим за титулата. Знам дека бодовно нема да направи голема разлика, но само мислам дека психолошки навистина би влијаело на Арсенал ако Сити ги скокне на табелата, особено затоа што се очекува Ливерпул да го победи Брајтон дома, а потоа и тие се над Арсенал. Мислам дека тешко можат да се вратат од тоа, -порачал Карагер.

Невил воедно смета дека ако четата на Гвардиола го добие неделното дерби тогаш ќе биде и во пол позиција да дојде до пехарот во најсилниот англиски шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни