Поврзете се со нас

Англија

Карагер е убеден: Роналдо не е доволен за титула

Објавено

на

Кристијано Роналдо ова лето се врати во Манчестер Јунајтед и веќе на првите два натпревари покажа дека ќе биде одлично засилување за клубот од „Олд Трафорд“.

Португалецот прво даде два гола во триумфот над Њукасл (4-1) во Премиер лигата за да потоа стрела и против Јанг Бојс, ама тоа не беше доволно за поголен резултат на дуелот во Лигата на шампионите (2-1).

Секако доаѓањето на Роналдо донесе многу оптимизам, среќа кај сите навивачи на Јунајтед, но според Џејми Карагер поголема придобивка од овој трансфер повеќе ќе има Премиер лигата отколку самиот клуб.

-Искрено мислам дека доаѓањето на Кристијано во Јунајтед е подобро за Премиер лигата отколку за самиот клуб. Мислам дека на Солскјер ќе му создаде барем ист број проблеми, кои ги реши со неговото доаѓање, -вели Карагер кој не верува дека Манчестер ќе биде конкурентен во борбата за пехарот во ПЛ и ЛШ.

-Мојот одговор е не. Манчестер се уште е тим кој има одлични индивидуалци, но сепак им недостасува колективен дух. Тоа нема да промени многу ниту со Роналдо.

-Санчо за кого беа издвоени многу пари сега ќе се бори со Гринвуд за првите 11. Исто така Погба, кој беше поблиску до голот ќе треба повторно да се врати, бидејќи на неговата позиција ќе дојде Фернандеш. Сите знаеме кој е Роналдо, но повторувам дека неговото доаѓање нема драстично да ги промени шансите на Јунајтед да се бори за трофеи, -смета легендата на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни