Поврзете се со нас

СЕХА лига

Карачиќ: Се надевам дека на сите им стана јасно што значи Вардар

Објавено

на

Европскиот и регионален првак Вардар оваа вечер ќе се обиде да ја одбрани титулата во СЕХА лигата, бидејќи во големото финале ќе ги одмери силите со стариот и добар познаник, екипата на Веспрем.

Унгарскиот состав овојпат е голем фаворит за освојување на трофејот и победа во финалето поради големите промени во Вардар и невоиграноста на новиот тим, но сепак, во ниту еден случај не смее да се отпише шампионот кој со години наназад демнострира дека има херојско срце.

Така беше и во полуфиналето со Загреб, натпревар на кој вардарци делуваа загубено до 50-та минута, а потоа во десет минути направија неверојатен кам-бек и на крајот славеа на пенали.

– Тоа што го видовме пред два дена сме го виделе 100 пати досега, најверојатно на сите им стана јасно што значи Вардар. Карактерот е нешто што ќе го краси Вардар додека постои клубот. На овој нов тим му треба време да се воигра, се е ново, но навистина очекувам нивен напредок од натпревар во натпревар. Покрај неспорниот карактер, во тој тим постои и квалитет, но потребно е време,- изјави поранешниот вардарец Игор Карачиќ за „Балкан Хендбол“ и додаде.

– Овојпат, нема дилеми дека Веспрем е фаворит, станува збор за воигран тим со огромен ростер и јасно е дека предноста е на нивна страна. Но, ова е Ф4 турнир, еден натпревар на неутрален терен. Се може да се случи, поготово кога знаеме дека Вардар е на спротивната страна. Многу се радувам на финалето и се надевам на добар меч. Нека победи подобриот, – додаде Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни