Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот Стојановски и во новата сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Објавено

на

Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе може да смета на искусниот Дамјан Стојановски и во новата натпреварувачка сезона.

Клубот од Аеродром и Стојановски си подадоа рака за продолжување на соработката која трае од 2012 година. Дамјан цела деценија е дел од „штрковите“ и се очекува одново да има значајна улога во тимот кој ќе биде предводен од Александар Петровиќ.

Тој е капитен на МЗТ Скопје, а досега со истиот има освоено седум шампионски титули, пет Куп трофеи и три во Суперкупот.

Од МЗТ воедно информираа дека управата сака или поточно има намера да го вклучи во клупскиот менаџмент, но тоа ќе дојде откако ќе ја заврши кариерата.

foto: https://www.facebook.com/kkmztskopje

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни